Вести
Мицкоски на неформална вечера со претседателите на државите учесници во Процесот Брдо-Бриони, во организација на Сиљановска-Давкова
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствувал на неформалната вечера во организација на претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони.
Во фокусот на разговорите, како што напиша во објава на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски, биле регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.
-Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион – напиша премиерот Мицкоски
ноември 27, 2026


