Connect with us

Свет

Во италијанските училишта стапи во сила забраната за носење бурка или никаб

 Италијанскиот парламент денеска изгласа забрана за носење бурка или никаб во училиштата. „За“ забраната гласаа 142 пратеници, а „против“ се изјаснија 112 народни претставници.

Претходно, новиот закон за образование, со кој се забранува носење превези што го покриваат лицето, како што се бурките или никабите, во италијанските училишта, беше одобрен и од Сенатот.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони ја најави забраната за покривање на лицето веднаш по летниот распуст. Првично, мерката беше воведена од Владата преку уредба, која сега е заменета со Законот за образование.

Почнувајќи од учебната 2027/28 година, ќе се применува и ограничување од 30 проценти за учество на странски деца, кои немаат доволно познавање на италијанскиот јазик во паралелките од прва година на сите нивоа на образование. Квотата се однесува на деца кои немаат италијанско државјанство, не се родени во Италија и не посетувале италијанска градинка најмалку две години.

Во средните училишта, учениците мора да имаат посетувано италијански училишта најмалку три години за да не влегуваат во квотата. Од родителите исто така ќе се бара да го научат италијанскиот јазик. 

Ad
Ad