Култура
Отворена изложбата „Хартиени-графички икони од 18 и 19 век“ во Тетово
Изложбата „Хартиени-графички икони од 18 и 19 век“ беше отворена денеска во Музејот на тетовски крај-Дом АРМ. Во тетовскиот музеј се изложени 43 од над 100 вакви икони кои се дел од големата збирка на Националната установа Завод и Музеј-Прилеп. Во Тетово ќе бидат изложени до понеделник.
На денешното свечено отворање во, кустосот Валентина Гавриловска посочи дека на овој начин Тетово и регионот имаат несекојдневна прилика да видат една убавина, големина и значајна уметничка вредност, која требаше да се пронајде, собере, обработи, конзервира, заштити и подготви пред да се презентита пред јавноста.
– Уметноста го разубавува и збогатува животот на човекот преку изразување на длабоки емоции и идеи и духовни вредности кои го инспирираат секојдневието, истакна Валентина Гаврилоска.
Мимоза Христоска, историчар на уметност и директор на Завод и Музеј-Прилеп, која со гоидни ги истражувала овој вид икони зборуваше за нивната специфичност.
– Овие графички листоиви не се само репродуцкии на сакрални претстави. Тие претставуваат посебен уметнички медиум во кој се преплетуваат византискара и поствизантиската иконографска традиција, западноевропски ликовни влијанија, графичките техники и потребните на секојдневната побожност. Тие се умножено отпечацоти но истовремено претставуваат и оригинални историски и уметнички предмети, рече Христоска.
Дел од графичките листови се откриени при конзерваторски интервенции во прилепските цркви Свето Благовештение и Свети Димитриј во Варош.
– Нивното пронаоѓање во тавански простории отвора едно посебнои поглавје за односот на верниците кон предметите што со текот на времето ја изгубиле својата првична функција, но не и својата сакрална и духовна вредност. Наместо да бидат отфрлени тие биле издвојувани од активната употреба и чувани во рамите на храмовите, истакна Христоска.
Изложбата досега била претставена низ повеќе македонски градови, балкански држави, како и во САД.
ноември 26, 2026


