Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со креирање и спроведување конкретни политики за поддршка на младите за да им овозможи полесно да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом.
Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, се предвидува младите брачни парови на возраст до 35 години, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општините, на цела територија на државата.
Оваа мерка претставува директна финансиска поддршка за младите семејства и значително олеснување при започнувањето на изградбата на сопствен дом.
Дека станува збор за конкретна политика, а не само за најава, покажува и нејзината досегашна реализација во неколку скопски општини, меѓу кои и Општина Гази Баба, која е меѓу првите.
Општина Гази Баба уште кон крајот на минатата година ја спроведе мерката, со која младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од целосниот износ на комуналиите што и припаѓаат на општината.
Дополнително, Советот на Град Скопје ја усвои мерката со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од 60 проценти од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште, односно од делот што му припаѓа на Градот Скопје, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план.
Првичната старосна граница од 29 години беше проширена на 35, односно 40 години, по направените анализи и согледувањето на реалните потреби на младите семејства, затоа што целта е поддршката да опфати што поголем број млади луѓе и семејства на кои им е потребна помош при создавањето услови за сопствен дом.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките што носат конкретни придобивки за граѓаните за младите да имаат сигурност, перспектива и можност својата иднина да ја градат во Македонија.
ноември 27, 2026


