Connect with us

Општини

Објавени резултати од Конкурсот за стипендии за редовни студенти Роми на додипломски студии во 2026/2027 година

Министертството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи за студиската 2026/2027 година.

На веб-страницата на МОН објавена е листа на кандидати што ги исполнуваат конкурсните услови за добивање стипендија за студенти Роми запишани во прва студиска година на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјата и листа на кандидати што ги исполнуваат конкурсните услови за добивање стипендија за студенти Роми запишани во останатите студиски години на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјата за академската 2026/2027 година. 

МОН соопшти дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „мои апликации“ во колоната „документ за одлука“.

По добивањето на решението, жалбите треба да се поднесат до  Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен (просториите се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 – зграда на МРТВ , 11. кат), во рок од 15 дена од приемот на решението.

 -Незадоволните апликанти не треба да поднесуваат и доставуваат жалби пред да добијат решение. Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски за користењето на стипендијата се наведени во решението, се наведува во објавата на МОН.

Ad
Ad