Connect with us

Свет

Две лица со сомнеж за мајмунски сипаници хоспитализирани во Санкт Петербург

Две лица се хоспитализирани со сомнеж за мајмунски сипаници во Санкт Петербург, Русија, и се наоѓаат под медицински надзор, соопшти прес-службата на меѓурегионалната канцеларија на Роспотребнадзор за градот и регионот.

Роспотребнадзор е државна институција задолжена за здравствен надзор и заштита на потрошувачите

Спроведен е целосен сет противепидемиски мерки, во тек е епидемиолошка истрага и ситуацијата е под контрола, јавија локалните медиуми.

„Во текот на епидемиолошката истрага се работи на идентификација на контактите. Две лица се хоспитализирани и се под медицински надзор. Издадени се налози за дезинфекција“, се наведува во соопштението.

Роспотребнадзор разви и регистрираше современи, високотехнолошки тест-системи за дијагностицирање мајмунски сипаници, кои овозможуваат брзо откривање на вирусот.

Кон средината на октомври, прес-службата на Меѓурегионалната канцеларија на Роспотребнадзор за Санкт Петербург и Ленинградската област соопшти дека пет лица со сомнеж за мајмунски сипаници биле хоспитализирани во Санкт Петербург во блага до умерена состојба. Пациентите биле отпуштени од болница две недели подоцна.

Ad
Ad