Култура
Филмот „Неколку Споменици Повеќе, Неколку Луѓе Помалку“ избран за IFFR Darkroom 2027
Хибридниот документарен филм „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска е избран за програмата Darkroom на 56. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам (IFFR), што ќе се одржи во 2027 година.
Darkroom е меѓународна платформа на IFFR наменета за долгометражни филмови во завршна фаза на реализација. Секоја година програмата претставува куриран избор од само 10 филмски проекти од целиот свет, поврзувајќи ги авторите со меѓународни филмски професионалци и отворајќи можност нивните филмови да бидат претставени пред селектори и дистрибутери од меѓународната филмска индустрија.
Дваесет години по филмот „Боли ли? – Првата балканска Догма“, Лешниковска повторно ги обединува Игор Џамбазов, Дејан Лилиќ, Амернис Нокшиќи, Даниела Ивановска и Висар Вишка. Во центарот на новиот филм е една вечера во Скопје, околу која наративно и визуелно се испреплетуваат сеќавањата, отсуството, тагата и променливата општествена реалност, отворајќи дијалог меѓу минатото и сегашноста.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Холандскиот филмски фонд.
ноември 27, 2026


