Connect with us

Фудбал

Кимих застана зад Мусијала против клупското раководство

Заменикот капитен на минхенски Баерн, Џошуа Кимих, остро го критикуваше раководството на клубот за вршење притисок врз неговиот соиграч Џамал Мусијала, кој страда од невролошки проблем.
„Секако, клубот секогаш е на прво место, поголем е од кој било играч, но не е поголем од човекот. Ова е апсолутно неприфатливо и под стандардите на Баерн“, изјави Кимих по вчерашниот пораз на Баерн од Лил во Лигата на шампиони со 1-2.
Изминатите две недели, клучните личности во клубот, почесниот претседател Ули Хенес, извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен и поранешниот извршен директор и актуелен член на надзорниот одбор Карл-Хајнц Румениге, го доведоа во знак прашање дали Мусијала во иднина ќе може да се врати во својата најдобра форма.
Најдалеку отиде Румениге, која рече дека „ако не се врати на позицијата на Џамал од минатото, сегашните финансиски услови повеќе не би биле оправдани“.
„Ваквите работи никогаш не треба да се решаваат на штета на играчите“, рече Кимих, истакнувајќи дека клубот често се гордее со тоа што е „семејство кое се држи заедно“.

Ad
Ad