Connect with us

Филм

Актерот Р.Џ. Мити, познат по серијата „Breaking Bad“, пронајден мртов

Американскиот глумец Рој Френк „Р.Џ.“ Мити, познат по улогата во серијата „Да станеш лош (Breaking Bad)“, е пронајден мртов во Тексас, соопшти неговиот претставник.

Според „Варајети (Variety)“, точната причина за смртта на Р.Џ. Мити сѐ уште е непозната, иако сомнежите говорат за самоубиство. Р.Џ. се прослави со улогата на Волтер Вајт Џуниор во високо ценетата ТВ-серија „Breaking Bad“, за којашто доби четири национални и меѓународни признанија. Како и ликот што го толкуваше, и Мити имаше церебрална парализа, а неговата улога помогна да се подигне свеста на јавноста за оваа состојба во САД и ширум светот.

Зад себе има уште 40-тина други улоги, а годинава е актуелен со љубовната драма „Зборувајќи со непознати (Talking to Strangers)“. 

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на саканиот глумец, филантроп и страстен застапник за правата на лицата со попреченост, Р. Џ. Мити. Црпејќи од сопственото искуство со церебралната парализа, Мити внесе автентичност во улогата и изгради платформа за подигнување на свеста за попреченоста и за инклузијата“, изјави неговиот гласноговорник.

Мити беше амбасадор на организациите „Јунајтед серебрал палси (United Cerebral Palsy)“ и „Шрајнерс чилдрен’с (Shriners Children’s)“, како и претседател на својата добротворна Фондација „Мити“ (Mitte Foundation). 

Ad
Ad