Кошарка
Олимпијакос убедлив против Анадолу Ефес
Кошаркарите на европскиот првак Олимпијакос ја постигна третата победа во новата сезона од Евролигата откако синоќа на домашен терен убедливо го совлада Анадолу Ефес со 89:66. Европскиот првак ја покажа својата доминација пред сè под обрачите со скор 49:31, притоа сите 12 играчи се запишаа во листата на стрелците.
За екипата од Турција ова беше трет пораз и остана само со една победа по четири одиграни кола.
На другите два дуела од одиграни синоќа победија гостинските екипи: Барселона – Жалгирис 81:88 и Басконија – Бешикташ 84:92.
На чело на табелата со максимален ефект 4/0 се Панатинаикос и Валенсија.
октомври 11, 2026


