Забава
Во Јапонија се одржа натпревар во квалитетен сон
За награда од околу 11.000 евра, во Токио се одржа натпревар во спиење, на којшто учествуваа неколку десетици натпреварувачи, а е организиран од компанија за производство на душеци.
Во натпреварот наречен „Трка Мет“ (Matt Race), целта е да се укаже дека сонот е важен за здравјето и оти во Јапонија има своевидна „национална криза“ во тој поглед. Настанот на „Коала слип Јапонија“ – како организатор на натпреварот, се одржа во понеделникот. Учесниците беа опремени со уреди за следење на спиењето. Победничката се претстави како Суими и беше избрана врз основа на тоа колку брзо заспала и колку цврсто спиела до 90 минути.
Главната награда изнесуваше 2,22 милиони јапонски јени (околу 12.500 евра). Второпласираниот освои 22 милиони јапонски јени (1.200 евра).
– За Јапонија често се вели дека е земја којашто страда од недостаток на сон, а луѓето тука се многу вредни и посветени на својата работа – рече Ричиро Накама, креативен директор на компанијата.
Податоците од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажаа дека во 2021 година, Јапонците спиеле во просек седум часа и 24 минути на ден – најмалку меѓу земјите-членки на ОЕЦД . Стручњаците ги наведуваат долгите работни часови, долгите патувања до работа и ноќниот живот како дел од факторите.
октомври 9, 2026


