Connect with us

Вести

Пронајдено заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, приведен 46-годишен маж

Министерството за внатрешни работи постапува во насока на целосно расветлување на случајот со заканувачкото писмо пронајдено во канцеларијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот рече дека МВР и Јавното обвинителство наскоро ќе излезат со информации за случајот.

– Имам информација за лицето кое е приведено. МВР ги презеде сите потребни чекори во врска со осомниченото лице. Постапуваме во насока на целосно расчистување на случајот и мислам дека за многу кратко време ќе излеземе со информација – изјави министерот.

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по што бил приведен 46-годишен маж, лоциран преку видеонадзор. Содржината на писмото засега не се открива, ниту е познато кон кого биле упатени заканите

Ad
Ad