Connect with us

Сцена

Џим Кери се ожени по трет пат на приватна венчавка во Лос Анџелес

Канадско-американскиот глумец Џим Кери (64) стапи в брак со својата партнерка Мин Аа на мала, приватна свеченост во Лос Анџелес, потврди денеска неговиот претставник за американското списание „Ентертејнмент викли“.

Ова е трет брак на Кери. Инаку, актерот и двојно помладата Мин Аа првпат беа фотографирани заедно во 2022 година, а официјално се појавија како пар на 26 февруари годинава – на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз. Додека ја примаше почесната награда, Кери му се заблагодари на своето семејство – ќерката Џејн и внукот Џексон, па ѝ изрази посебна благодарност на својата „возвишена животна сопатничка“, како што ја нарече.

– Те сакам, Мин Аа!, рече Кери тогаш, по што публиката стана на нозе и со овации ги поздрави глумецот, неговата партнерка, ќерка му и внукот.

Кери претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година – со неа ја има ќерката Џејн, како и со актерката и негова колешка од филмот „Глупавиот и поглупавиот“ (Dumb and Dumber), Лорен Холи. тој се ожени со Холи во 1996., но се разведе од неа веќе следната година. Во својот живот, комичарот беше во врска и со Џени Мекарти, Рене Зелвегер, Линда Ронстат, Џенјуари Џонс, како и со Ирката Кетриона Вајт која почина во 2015, на свои 30 години. Инаку, Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да се жени.

– Ако си го направил тоа двапати, навистина треба да престанеш, рече Кери во една прилика.

Сепак, како што се забележува од новите случувања, се чини, тој го променил својот став.