Connect with us

Фудбал

Победа за Тиквеш, нерешено во Гостивар

Во рамки на 9.коло од Првата фудбалска лига денеска се одиграа два натпревара, а Тиквеш по два натпревара без победа оствари триумф на домашен терен против Брегалница Штип со 3:0.

Кавадарчани победата ја навестија со двата гола во првите 15 минути од дуелот, додека победата беше потврдена во финишот на натпреварот. Тиквеш со 16 бодови се проби на третото место, додека Брегалница остана на седмата позиција со 10 бодови.

Многу понеизвесно беше на натпреварот во Гостивар, каде гостите од Кратово Силекс поведоа на почетокот на вториот дел, но предноста ја имаа само шест минути бидејќи Арсими успеа да изедначи и тоа се покажа како конечен резултат.

За Силекс ова беше трет нерешен резултат на последните три дуели, додека Арсими со 9 бодови е на осмото место.

Утре се Шкендија Арачиново – Шкендија Тетово (почеток 13 часот) и Скопје – Вардар (почеток 15 часот), а последниот дуел меѓу Башкими и Струга се игра во понеделник.

Ad
Ad