Кошарка
Црвена Звезда добива засилување на центарската позиција
Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда би можел следниве денови да добие засилување на центарската позиција. Станува збор за поранешен играч на „црвено-белите“ Филип Петрушев. Тој на вчерашниот дуел меѓу Дубаи и Црвена Звезда не настапи за својот клуб Дубаи.
Со доаѓањето на новиот тренер Чави Пасквал, играчот има минимална минутажа. Дел од медиумите пренесуваат дека Петрушев е блиску до враќање во Белград, иако медиумите блиски во Грција и Србија пренесуваат дека преговорите траат околу 15 дена.
Петрушев во два наврати го носеше „црвено-белиот дрес“ во сезоната 2022/23 и 2024/25. Кога заминуваше од Олимпијакос во 2025 година имаше понуда од тимот од Белград, но тој ја прифати понудата на Дубаи и има договор до 2028 година.
октомври 10, 2026


