Кошарка
Евролига: Прв пораз за Олимпијакос, Реал Мадрид без победа
Кошаркарите на европскиот првак Олимпијакос синоќа во дуелот од 3.коло од Евролигата го претрпеа првиот пораз откако загубија од Виртус на нивни терен, додека кошаркарите на Реал Мадрид сè уште немаа победа откако го загубија и третиот дуел. Тие синоќа загубија од Хапоел Тел Авив, во Софија бидејќи поради состојбата во Израел оваа екипа своите „домашни“ натпревари ги игра во Бугарија.
Резултати на синоќа одиграните дуели: Хапоел – Реал Мадрид 102:98, Црвена Звезда – Анадолу Ефес 77:72, Виртус – Олимпијакос 96:94, Париз – Жалгирис 82:78.
Денеска се играат другите дуели од 3.коло: Бешикташ – Барселона, Фенербахче – Дубаи, Баерн – Партизан, Лион Вилербан – Валенсија, Панатинаикос – Макаби и Басконија – Милано.
октомври 3, 2026
