Connect with us

Кошарка

Партизан во групата екипи на лидерските позиции во Евролигата

Кошаркарите на Партизан по голема борба стигнаа до третата победа во Евролигата откако синоќа на гостински терен го совладаа Баерн со 86:84. Гостински победи остварија уште Барселона против Бешикташ 95:82 и Валенсија против Вилербан 105:92.

Предноста на домашен терен ја искористија Фенербахче – Дубаи 76:66, Панатинаикос – Макаби 90:76 и Басконија – Милано 87:76.

По три победи од три натпревари имаат: Панатинаикос, Партизан, Фенербахче и Валенсија.