Формула 1
Хорнер доби речиси 118 милиони евра отштета по напуштањето на Ред Бул
Поранешниот претседател и извршен директор на Ред Бул, Кристијан Хорнер, доби 117,56 милиони евра отштета по напуштањето на своите позиции.
Ова е според документите објавени во трговскиот регистар на Велика Британија, „Companies House“.
Според финансиските извештаи, на Хорнер му биле исплатени 39,19 милиони евра отпремнина и 5,2 милиони евра плата до неговото заминување. „Ред Бул Технолоџи“, исто така, му исплатила 78,38 милиони евра отштета и 10,56 милиони евра плата.
Ова ги зголемува вкупните исплати на отштета за губењето на неговите позиции во двете компании на 117,56 милиони евра.
Хорнер, исто така, имал извршни позиции во „Ред Бул Пауертрејнс“ и „Ред Бул Адвандвејд Технолоџис“. Сепак, финансиските извештаи за овие компании покажуваат дека извршните компензации биле исплаќани од други субјекти во рамките на „Ред Бул Груп“.
октомври 9, 2026


