Connect with us

Вести

Клековски: Прашање на денови е пристигнувањето на бесеже-вакцините

Се надевам дека многу бргу бесеже-вакцините ќе пристигнат во Македонија и дека нема да има проблеми во врска со прекинот на вакцинацијата – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Тој посочи дека прашање на денови е пристигнувањето на бесеже-вакцините.  

– Вакцините се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, во тек е организација на логистиката, така што се завршува со деталите – додаде Клековски.

Ad
Ad