Connect with us

Економија

Скопскиот регион учествува со 47,1 отсто во БДП, најмал удел има Североисточниот

Скопскиот регион остварува најголемо учество во бруто-домашниот производ (БДП) на државата со 47,1 отсто, додека најмало учество има Североисточниот регион со 4,4 отсто, покажуваат податоците за Бруто-домашен производ за 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Поголем БДП по жител од националниот просек имаат два региона. Скопскиот регион е со индекс 140,9, а Југоисточниот со 103,1. Сите останати региони имаат БДП по жител под просекот на државата.

Скопскиот регион има најголемо учество и во бруто-инвестициите во основни средства, со 45,2 отсто од вкупните инвестиции во 2025 година.

Во однос на претходната година, најголем пораст на бруто-домашниот производ е забележан во Југозападниот регион, од 11 отсто.

Најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства, пак, има Полошкиот регион, каде што е регистрирано зголемување од 39,9 отсто во споредба со 2024 година.

Ad
Ad