Свет
Француската економија влегува во техничка рецесија, БДП намален втор квартал по ред
Француската економија се намали за 0,2 проценти во третиот квартал од 2026 година, откако стагнираше во претходниот квартал, додека кумулативниот раст на БДП од почетокот на годината изнесуваше само 0,1 процент, според конечните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика и економски истражувања.
Франција веќе влезе во техничка рецесија, според пресметката на весникот „Фигаро“ врз основа на детални податоци за трендовите на БДП, бидејќи економската активност малку се намали и во вториот и во третиот квартал од 2026 година.
Сепак, официјалното соопштение на институтот се однесува на вториот квартал од 2026 година како период на стагнација, бидејќи падот беше занемарлив и заокружен на нула.
Куповната моќ на домаќинствата се опорави во третиот квартал од 2026 година, во плус за 0,2 проценти по падот од 0,5 проценти во претходниот квартал, додека стапката на штедење остана непроменета на 17,4 проценти од расположливиот доход. Инвестициите продолжија да паѓаат, овојпат за 0,9 проценти.
Францускиот извоз се намали за 1,6 проценти, додека увозот стагнираше, па затоа надворешната трговија негативно влијаеше врз БДП.
Владата во Париз претходно постави цел од 0,5 проценти економски раст за Франција во 2026 година, но ова сега не изгледа сосема реално, јавија француските медиуми. За да се постигне таа цел, француската економија би морала да забележи силен економски раст од 1,6 проценти во четвртиот квартал од 2026 година.
ноември 27, 2026

