Регион
Милатовиќ по средбата со Чупиќ: Време е за ново поглавје во односите меѓу Црна Гора и Србија
Време е за ново поглавје во односите меѓу Црна Гора и Србија, засновано на доверба, меѓусебно почитување и искрено партнерство – изјави денеска претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Во кусиот разговор на маргините на Процесот Брдо – Бриони во Охрид со вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, црногорскиот претседател ја нагласи важноста на економското и инфраструктурното поврзување, во интерес на граѓаните на двете земји.
„Сакам Црна Гора и Србија да бидат пример за добрососедска соработка во Западен Балкан. Наша одговорност е блискоста на нашите граѓани да ја преточиме во сила на партнерството на нашите земји“, напиша тој на „Икс“.
ноември 28, 2026

