Фудбал
Бурнемут со максимален ефект на врвот на табелата од Лига Европа
Премиерлигашот Бурнемут е лидер во Лига Европа и единствената екипа со максимален ефект по петтото коло во ова натпреварување. Екипата од Англија на вчерашниот дуел оствари победа од 2:1 на гостувањето кај Селта и пресвртот го направи со играч помалку.
Без пораз по петтото коло сè уште: Јувентус и Ференцварош, кои се на второто и третото место, додека и Ројал Унион од Белгија нема пораз и со три нерешени резултати е на шестата позиција.
Следното шесто коло од Лига Европа се игра на 10.декември, а последните две кола на програмата се во јануари 2027 година.
ноември 28, 2026


