Хроника
Приведен дрвокрадец во Тетовско, без возачка дозвола управувал возило и превезувал огревно дрво без документација
Полициски службеници од Полициското одделение Групчин, вчера, во 19.30 часот, во селото Желино, Тетовско, го лишиле од слобода И. Б. (29) од селото Стримница.
Според Министерството за внатрешни работи, при сообраќајна контрола било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишникот. При контролата било утврдено дека тој управувал со возилото без возачка дозвола.
При прегледот на возилото во багажниот простор биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација, како и моторна пила.
Возилото и дрвата се одземени и задржани, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
октомври 13, 2026

