Хроника
МВР: 102 санкции за пребрзо возење во Скопје, изречени и 26 други сообраќајни мерки
На подрачјето на Град Скопје вчера биле изречени 102 санкции за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, информира Министерството за внатрешни работи.
Акциската контрола била спроведена вчера, во периодот од 06:00 до 22:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.
Покрај санкциите за пребрзо возење, полициските службеници изрекле и 26 други мерки за прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од МВР посочуваат дека сите прекршители ќе се соочат со законски предвидените глоби, а сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.
октомври 13, 2026


