Хроника
Претрес во Струмица, пронајдени хероин и кокаин, приведен 48-годишен маж
Полициски службеници од СВР Струмица, синоќа во 22:10 часот, го лишиле од слобода 48-годишниот струмичанец Љ.Ѓ., откако при претрес во неговиот дом и при личен претрес биле пронајдени хероин и кокаин.
Според Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен со судска наредба. Притоа, биле пронајдени и одземени пакувања со хероин и кокаин, две дигитални ваги, како и други предмети со остатоци од прашкаста материја.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
октомври 13, 2026


