Кошарка
Евролигашки натпревари повторно во Израел
Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанај истакна оптимизам дека неговиот клуб наскоро повторно натпреварите од кошаркарската Евролига ќе ги игра на домашен терен во Израел. Екипата од Тел Авив досега „домашните“ натпревари ги играше во Софија.
Сопственикот на Хапоел Тел Авив во разговор со директорот на Евролигата Чус Буено, разговарале за враќање на израелските тимови да играат пред своите навивачи.
- Процесот ќе трае неколку недели, но сепак сме оптимисти, изјави Јанај.
Потенцијалниот прв натпревар е дуелот меѓу Хапоел Тел Авив и Макаби Тел Авив, а како посакуван термин е 29.декември. Тоа треба да биде нивни втор меѓусебен дуел сезонава.
Макаби своите натпревари од Белград „ги пресели“ во Лимасол на Кипар.
Двата тима од Израел натпреварите од Евролигата поради безбедносната ситуација во нивната држава. Двете екипи лани во текот на сезоната неколку натпревари одиграа во Израел, но повторно мораа да го напуштат Израел.
октомври 11, 2026


