Општини
Прогласени најдобрите на меѓународната манифестација „Чкембе Фест“, готвачите од Унгарија и Турција ги освоија посетителите
Со доделување на наградата Гран при и прогласување на најдобрите готвачи, во Битола заврши меѓународната манифестација „Чкембе Фест“, поддржана од локалната самоуправа, а на која годинава се натпреваруваа учесници од Турција, Унгарија и Македонија.
Највисокото признание, наградата Гран при им припадна на тимот готвачи од ресторанот „Корзо“, додека награда за највкусна чкембе чорба им беше доделена на Сузана Јовановска, Даниела Талевска и Виолета Арминовска од тимот на мото клубот „Конзули“.
Со одлука на стручна жири комисија, втора награда беше доделена на Тодорче Митев и Јован Талевски од хотел „Молика“, а третпласирани годинава се Ѕвонко Јоцевски и Хермина Манева од „Џони мезалк“ од Куманово.
На натпреварот што се одржа на плоштадот „Магнолија“ посебно внимание привлекоа готвачите од Унгарија кои на посетителите им понудија вкусна храна и унгарска музика, како и готвачот Исмаил Кавасоглу од турскиот град Измир кој доби посебно признание за подготвен специјалитет од чкембе.
-Првото издание на „Чкембе Фест“ покажа дека традиционалната кујна може да биде одличен повод за меѓународно гастрономско поврзаување и збогатување на туристичката понуда на градот. А, со големата посетеност, Битола уште еднаш покажа дека добрата храна, традицијата и дружењто се нераскинлив дел од нејзиниот градски дух, истакна Никола Каровски, член на органицискиот тим.
Учесниците на годинешниот „Чкембр Фест“ ќе поведат иницијатива за поставување споменик „Чкембар“ во Старата битолска чаршија, на локација каде пред еден век почнала во Битола да се подготвува познатата чкембе чорба.
октомври 11, 2026


