Connect with us

Свет

Министерството за одбрана на Велика Британија ги контактирало воените ветерани поради можна мобилизација

Британското Министерство за одбрана испрати писма до воените ветерани со цел да ги подготви за можноста за мобилизација во рамките на Стратешката резерва, изјави денеска британскиот министер за одбрана Вес Стритинг, оценувајќи дека станува збор за превентивна мерка.
Стритинг рече дека контактирањето со членовите на Стратешката резерва е разумен потег со оглед на заканите со кои се соочува Велика Британија и нејзините сојузници, но дека тоа не значи дека војната е неизбежна, јави Скај њуз.

Според него, тоа е вид на претпазливост што, доколку не се преземе, може да покрене сериозни прашања во случај на војна и последователна јавна истрага за тоа дали британската влада е доволно подготвена.

Дејли Телеграф веќе претходно објави дека се испратени писма до ветераните.

Стратешката резерва треба да биде еден од клучните елементи на одбраната на Велика Британија во случај на војна. Нејзините членови би биле мобилизирани и би биле првите за борбени операции. За време на Студената војна, Велика Британија имала јасно дефиниран систем за мобилизирање на стратешките резервисти во случај на криза. Сите членови на резервата имале униформи и опрема и имале вежби еднаш годишно. Сепак, таков систем бараше значителни финансиски средства и беше укинат во годините по распадот на Советскиот Сојуз.
Министрите за одбрана и военото раководство на Велика Британија се обидуваат да го обноват тој систем во изминатите седум години, наведува „Скај њуз“. 

Ad
Ad