Хроника
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Лице на 57 години од Охрид го загуби животот откако вчера се превртело кануто со кое управувал во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро.
Случајот вчера бил пријавен во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Истрагата ќе ги утврди причините и околностите под кои се случила несреќата.
октомври 11, 2026


