Вести
Муцунски: Секоја генерација има свои предизвици и битки
Почитувајќи ја жртвата на генерациите пред нас, наша обврска е да продолжиме да градиме слободна, безбедна, почитувана и меѓународно интегрирана држава – дом за сите нејзини граѓани, порачува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во честитката по повод 11 Октомври.
– 11 Октомври е симбол на слободата, достоинството и државотворноста, ден кога оддаваме почит на храброста и пожртвуваноста на македонскиот народ во борбата за создавање сопствена држава. Овој празник нè потсетува на нашето минато, но и на одговорноста што ја имаме кон иднината. Секоја генерација има свои предизвици и свои битки, вели Муцунски во честитката објавена на Фејсбук.
октомври 11, 2026


