Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици

Претседателот на СДС, Венко Филипче долго време јавноста го гледа како се ставил во улога на бугарски амбасадор кој ги застапува бугарските позиции, на штета на македонските интереси.

Арно ама, штом Филипче виде дека такво нешто не поминува кај граѓаните, дека народот не сака ново предавство по примерот на Зоран Заев, кој за да дојде на власт прифаќаше се и потпишуваше договори на бланко бели лист хартија, сменил тактика.

Венко Филипче, одлучил да смени руво и од бугарски амбасадор да стане партизан, па така пред некој ден зел и да маршира по прилепските улици, со одвај 300 поддржувачи.

Кое лицемерие од страна на Венко Филипче, од една страна, постојано ги промовира барањата и ставот на Румен Радев за внесување на Бугарите во Уставот, а од друга страна, учествува на марш посветен на борбата против фашистичките окупатори.

Затоа, јавно го прашуваме Филипче, против кого маршираше викендов, против бугарските фашистички окупатори или против бугарските администратори, како што со Заев ги нарекувале Бугарите за периодот на Втората светска војна.

А, токму тоа е и причина што мал број луѓе му се придружија на таканаречениот марш, што е доказ дека, освен луѓе на Заев, поголема маса на поддржувачи Филипче и не може да привлече.

Филипче е прочитан и од партиските членови и активисти на СДС и од граѓаните, тоа го покажуваат и последните истражувања на јавното мислење, каде Венко има рејтинг 3%, а партијата под негово раководство 5%.

Ad
Ad