Фудбал
Задолжителни интервјуа за шпанските судии по натпреварите во Ла Лига
Почнувајќи од 11. коло кое стартува вечерва со дуелот меѓу Алавес и Малага, шпанските фудбалски судии ќе бидат интервјуирани по завршување на натпреварите во Ла Лига, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.
По два натпревари од секое коло, судиите ќе одговараат на новинарски прашања во живо на „Мовистар“ и „ДАЗН“, телевизиските канали кои ги имаат ексклузивните права за емитување на шпанското првенство.
Идејата ја промовираше шпанската лига, а имплементацијата беше договорена во координација со Кралската шпанска фудбалска федерација, судискиот комитет и синдикатот на судии како дел од новиот колективен договор.
Првично, интервјуата на судиите беше планирано да стартуваат во втората половина од сезоната, но рокот беше скратен.
Од почетокот на сезоната 2026/27, шпанските фудбалски судии веќе даваат кратки интервјуа пред почетокот на натпреварите, а од оваа сезона новина е и телевизиско снимање во соблекувалните на судиите.
октомври 24, 2026


