Фудбал
ПМФЛ: Силекс ја совлада Шкендија А.
Во воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс попладнево извојува победа на домашен терен над Шкендија Арачиново со 2-0 (1-0).
Победата на прволигашот од Кратово ја навести Хасукиќ веќе во 3. минута, а истиот играч го потврди триумфот со својот втор гол на денешниот натпревар во 52 . минута.
За Силекс ова е втора едноподруго победа, а прва на домашен терен од средината на август, додека Шкендија го претрпе третиот пораз во последните четири натпревари.
Дерби натпреварот на 11. прволигашко коло е закажан за утре, кога тетовска Шкендија ќе го пречека Вардар, додека Струга е домаќин на Скопје.
В недела на програмата се натпреварите Арсими – Брегалница и Тиквеш – Башкими.
Табела: Шкендија Тетово 23, Струга 20, Вардар 20, Тиквеш 17, Силекс 16, Шкендија Арачиново 14, Брегалница 10, Арсими 10, Башкими 7, Скопје 3.
октомври 24, 2026


