Хроника
Работник починал од струен удар додека изведувал градежни работи на куќа во изградба
Работник од село Студеничани починал од струен удар додека изведувал градежни работи на куќа во изградба во скопското село Кондово.
-На 20.10.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Кондово, скопско, М.Б.(38) од село Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, соопшти МВР.
Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
октомври 22, 2026


