Connect with us

Култура

Во Велес концерт на Игор Иванов и Ромен Петио, членови на ансамблот „Altus New Breath“ кој обединува македонски и француски музичари

Игор Иванов (кларинет) и Ромен Петио (гитара) членови на ансамблот „Altus New Breath“ кој обединува македонски и француски музичари настапија со концерт во Ликовниот салон во Велес пред голем број на публика, а од од која добија долг и силен аплауз. На концертот настапија со дела од Бела Барток, Мануел Де Фалла, Астор Пјацола, Бела Ковач и македонската композиторка Дарија Андовска.

Во изјавата за МИА, македонски и светски музичар Игор Иванов вработен во Македонската опера и балет, рече дека е многу среќен што по пауза од 5-6 години повторно настапува во родниот Велес пред домашната публика, семејството и пријателите, во преполниот Ликовен салон.

-Секогаш сум среќен кога настапува во мојот роден град Велес, каде и започна моето музичко школување во Основното музичко кај професорот Златко Андреев. По реакциите видов дека публиката беше воодушевена од мојот и настапот на мојот француски колега и долго ни ракоплескаше по настапот, потенцира Иванов.

Двајцата музичари се членови на ансамблот „Altus New Breath“, кој обединува македонски и француски музичари околу заеднички музички проекти. Игор Иванов и Ромен Петио веќе неколку години ја споделуваат истата уметничка и музичка авантура. Овојпат настапија во интимен дуо состав, во блиска и суптилна музичка комуникација меѓу кларинетот и гитарата. На програмата беа изведени дела меѓу народната музика и уметничката музика, ибериските ритми, влијанијата од Централна Европа и аргентинското танго, програмата ја истакна разновидноста на музичките светови на овие композитори.

Концертот е дел од поголемата европска турнеја. Тие изминатиот викенд имале концерт во Сан Марино, а концертот во Велес на двајцата музичари заедни им е последен во 2026 година. За наредната 2027 година како што најави Игор Иванов, имаат планови за настап на концерти во повеќе еврпски и светски центри. Концертот во Велес беше поддржан од Министерството за култура и туризам.

Ad
Ad