Фудбал
Автогол на македонскиот репрезентативец Гаштаров во ремито на Црвена Звезда
Фудбалерите на Црвена Звезда одиграа нерешено 2:2 вечерва во Белград во дуелот од второто коло од УЕФА конференциската лига, а македонскиот репрезентативец во дресот на Црвена Звезда, Матеј Гаштаров постигна автогол. Двете екипи имаа по едно водство, гостите од 0:1, а домашниот тим 2:1 и сепак нерешениниот резултат е најреалниот од овој дуел.
Гостите од Данска поведоа со автоголот на македонскиот репрезентативец во 29. минута, а беше резултат на лоша реакција. Но, „црвено-белите“ брзо се вратија од шокот и по само пет минути изедначија со прекрасен гол на Тими Елшник. Уште еден прекрасен гол постигна домашниот тим преку Василије Костов во 41. минута и Црвена Звезда поведе со 2:1, резултат што беше и на полувремето.
Во вториот дел Копенхаген изедначи со прекрасниот гол на Махер Каризо во 70. минута.
Инаку натпреварот се одигра пред околу 12.000 гледачи особено што вечерва се игра дуелот од кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Црвена Звезда.
октомври 23, 2026

