Општини
Започна кочанскиот панаѓур
И официјално денеска започна панаѓурот во Кочани, кој и оваа година носи забава, адреналин и бројни атракции за посетителите од сите генерации.
Во центарот на вниманието е Вондер Парк, кој со својата разновидна понуда на забавни содржини претставува вистинска атракција за најмладите, но и за повозрасните посетители кои сакаат добра забава и незаборавни моменти.
Рингишпилот, сударните колички, атрактивниот октопод и авантуристичката камиказе се само дел од содржините што ветуваат возбуда и адреналин за љубителите на динамичната забава.
Посебно внимание е посветено и на најмалите посетители, за кои се подготвени детски атракции, меѓу кои и забавниот брод, како и други содржини наменети за нивната возраст.
Панаѓурот претставува можност за дружење, семејни прошетки и забава за сите генерации, а Вондер Парк со својата понуда има за цел да им овозможи на посетителите да уживаат во празничната атмосфера и да создадат убави спомени.
Со официјалниот почеток на панаѓурот, Кочани повторно станува место за забава, возбуда и дружење, каде што секој посетител може да пронајде нешто за себе.
октомври 24, 2026


