Тенис
Давидович Фокина го победи Ходар во финалето на Мастерс турнирот во Шангај
Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина го освои турнирот АТП 1000 во Шангај.
Во денешното финале, 26-тиот светски тенисер го победи својот сонародник Рафаел Ходар, рангиран на 13. место на АТП ранг-листата, со резултат 1:6, 7:6 (7:5), 6:4. Мечот траеше 2 часа и 28 минути.
Дваесет и седумгодишниот Шпанец го освои својот прв Мастерс турнир во кариерата. Давидович Фокина сега има три титули на АТП турнир: во јуни 2026 година, го победи Американецот Итан Квин во финалето на АТП 250 во Мајорка, Шпанија, а во септември, го победи Полјакот Хуберт Хуркач во финалето на АТП 250 во Ченгду, Кина.
Наградниот фонд на турнирот „ATP Ролекс Шангај Мастерс“ е 9,4 милиони долари.
октомври 19, 2026

