Општини
Во Велес заврши Гастрономската недела
Со завршување на Мастер класовите каде велешките средношколци од Државното средно училиште Регионален центар „Коле Неделковски“ од Велес неколку дена во своите училници и кабинетот по кулинарство учеа и готвеа интересни специјалитети од повеќе земји заедно со врвните и реномирани шефови од меѓународната гастрономски сцена од повеќе земји, денеска во Велес заврши Гастрономската Недела што за првпат ја организира Општина Велес во соработка со Гастро Мак и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“.
Гастрономската Недела започна започна со оценување на најдобрата велешката пита пастрмајлија во рамките на годинашната манифестација „Питијада 2026“ а продолжи со „Дипломатското котле“ кога се презентираа велешки и македонски специјалитети. Неделата продолжи и заврши со предавања и Мастер класови со готвење и часови за келнерите што ги држеа врвните меѓународни готвачи и менаџери во кулинарството дојдени во Велес од повеќе земји, а меѓу кои: Стево Карапанџа, Уве Мишел, Драгица Лукин, Изток Легат, Дон Давид, Доменико Маџи, Томаж Возељ, Ѓорѓе Костиќ, Георге Дамјаноу, Вуко Митровиќ, Ерих Главица, Емрах Коксел., нашиот шеф Љупчо Гиевски и Горан Богоевски, директор на ова Државно средно училиште.
.Велешките средношколци од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од насоката за кулинарство, за идни готвачи и келнери во изминатите денови научија да подготвуваа интересни рецепти од повеќе земји, а прилагодени со продукти, кои се произведени во бавчите и градините од велешкиот поширок регион и од Македонија.
Последен од врвните меѓунадни кулинари, а кој им одржа Мастер клас за готвење беше Ѓорѓе Костиќ, реномираниот кулинар од соседна Србија,од Белград, а кој се одлучи идните готвачи да ги научи на интересни јадења од веганско- вегетаријанската кујна, со рецепти од мени на некои соседни и подалечни земји меѓу кои и интересни грузијски предјадења, подготвени од многу зеленчук. Воедно тој ги научи учениците и за подготовка на вегетаријански хамбургер со соја и зеленчук и вегетаријанско суши со ориз и зеленчук како моркови и краставица, и сосови, а од што учениците и професорите најмногу се воодушевија и самите потоа се обидоа и беа среќни што научија да го подготвуваат и на крајот и заедно да го пробаат.
Во изјавата за МИА, врвниот кулинар Ѓорѓе Костиќ ни појасни дека се одлучил со учениците на Мастер клас во кабинетот по кулинарство да подотвува веганско-вегетаријанско јадења затоа што се ближат деновите на постите и бројните православни слави каде домаќините подготвуваат посни јадења.
-Јас се одлучив учениците да ги запознаам и да им подготвам интересни јадења од веганско-вегетаријанската кујна од повеќе земји, но исклучиво со земјоделски производи кои можеме да ги најдеме во велешко и во Македонија. Сега настапуваат денови на пост и сакав учениците да знаат што е тоа веганско кујна и по што таа се разликува од вегетаријанската. Воедно како правилно да ја подготвуваат храната, како да ги заменат јајцата и сирењето,а како да ги искористат мошне здравите соја, хељда,овес, р’ж и јачмен. Во текот на готвењето на ученицит освен рецептите им пренесов и некои мои мали тајни на кулинарството, појасни Костиќ.
Додаде дека навистина е среќен што имал чест да биде нивни ментор во оваа училиште. Тој е воодушевен од наставниот кадар, и директорот кој исто така е готвач и ментор и оцени дека сите се многу вредни и сакаат да придонесат да им помогнат на своите ученици да освојуваат што повеќе и повеќе нови знаења.
Инаку од Гастро Мак потенцираат дека со оваа Гастрономска Недела, Велес станува центар на гастрономијата во земјава и можност за привлекување што повеќе странски туристи, а од Општина Велес како организатори , планираат истата да прерасне во традиционална.
октомври 17, 2026


