Ракомет
Охрид и Алкалоид поминаа, Бутел елиминиран во второто коло на Европскиот куп
Бранителот на трофејот во Европскиот куп на ЕХФ, тимот на ГРК Охрид со втор триумф во два дена избори пласман во третото коло на третото по ранг европско клупско ракометно натпреварување.
Охрид на денешниот натпревар со Спор Тото од Турција победи со 38:22. На вчерашниот дуел македонскиот тим победи со 36:24.
Две победи во втората рунда забележа и шампионот од пред две години, тимот на Алкалоид. Вечерва во Австрија, Алкалоид славеше против Ферлах со 32:18, на средбата во Скопје беше 31:22.
Третиот македонски претставник во 2. коло на Европскиот куп, тимот на Бутел, денес ја победи Горица со 25:24 во реваншот, но недоволно да се надоместат трите голови негатива од натпреварот во Хрватска
октомври 25, 2026


