Connect with us

Ракомет

Билетите за ракометниот дуел Македонија – Луксембург по цена од 300 до 500 денари

Македонската ракометна репрезентација со натпреварот против Луксембург ги стартува натпреварите од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028. Прв противник ни е селекцијата на Луксембург, а македонскиот тим ја има фаворитската улога на овој дуел што се игра на 4.ноември (среда) во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

Билетите за натпреварот се достапни во продажба на следниот линк: https://mktickets.mk/event/mkd-lux/

Следниот натпревар македонските ракометари го играат на 8.ноември (недела) во Халкида против Грција. Третиот ривал во групата 8 е репрезентацијата на Шведска, а дуелите против оваа репрезентација македонските ракометари ќе ги играат во март следната година.

Ad
Ad