Connect with us

Регион

Независното здружение на новинари на поднесува иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата на ТВ Информер

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) објави дека денеска до Регулаторното тело за електронски медиуми  ќе поднесе иницијатива за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер.

Како што наведува НУНС, иницијативата ќе биде предадена во 14 часот, а ќе ја предадат организации од граѓанското општество, медиумски здруженија и претставници на студиите по новинарство на универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш.
„Иницијативата е одговор на повеќегодишното и систематско кршење на законите и програмските обврски што РЕМ досега не ги санкционирал“, се вели во соопштението на НУНС.

Синоќа во Белград, група демонстранти се судрија со полицијата, која се обиде да ги оттурне од телевизијата Информер во Белград, во која претходно влегоа и ја прекинаа програмата. Студентската листа реагираше, нагласувајќи дека не поддржува упади во институциите и медиумите. 

Ad
Ad