Connect with us

Фудбал

Кејн: Им благодарам на сите што гласаа за мене

Капитенот на англиската репрезентација и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн синоќа ја доби престижната наградата „Златна топка“. Наградата му ја врачи легендата на светскиот фудбал Роналдо.

Кејн од доаѓањето во Баерн во 2023 година постигна 156 голови на 158 натпревари и три сезони е најдобар стрелец во Бундес лигата.

–   Останав без зборови, среќа што го имам овој говор овде. Уште еднаш им благодарам на „Франс Фудбал“, на „Златната топка“ за организирањето на овој неверојатен настан. Тоа што сум тука во Лондон го направи дополнително посебно и изгледа како добар знак за мене вечерва, па ви благодарам многу. Ви благодарам на сите што гласаа за мене. Можам да замислам дека беше навистина тешко оваа година. Се натпреварував против некои од моите соиграчи, некои играчи од светска класа во просторијата вечерва. Па, им благодарам на сите што гласаа за мене, изјави добитникот на „Златната топка“ за 2026 година Кејн.

Тој е првиот Англичанец по Мајкл Овен во 2001 година што ја освојува наградата, а зад него останаа Килијан Мбапе, Јамин Ламал, Родри и Лионел Меси.

Ad
Ad