Свет
Полицијата во Утрехт истражува случај со флаери за продажба на дрога
Полицијата во холандскиот град Утрехт истражува случај со рекламни флаери за продажба на дрога, што биле доставени во поштенски сандачиња во неколку населби.
На флаерите, покрај илустрации на различни таблети, е испишана пораката „Ајде да се забавуваме“, а се наведува и дека дрогата може да се нарача преку QR-код или телефонски број, со брза испорака во кое било време од денот. Плаќањето е можно во готовина или преку барање за плаќање.
Флаери биле пронајдени во населбите Ниув Енгеланд, Ох ин Ал, Ломбок, Схепенбурт и Велгелеген. Не е познато дали биле доставени до сите станбени објекти во тие населби.
Полицијата соопшти дека жителите нема потреба дополнително да го пријавуваат случајот, бидејќи веќе е запознаена со ситуацијата и спроведува истрага.
октомври 27, 2026


