Хроника
Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци
При претрес во Кавадарци, пронајдени се ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, а лишено од слобода е едно лице, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово при РЦ за ГР – Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР – Југ и од ОВР – Кавадарци, го лишија од слобода Ј.П., 69-годишен кавадарчанец – информираа од МВР.
По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд – куќа и помошни простории на место викано „Васов град“, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци.
– При претресот во викенд – куќата, лицето доброволно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов – примки, од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик – најавија од МВР.
октомври 27, 2026


