Сцена
Кристин Бел: Го заклучив сопругот за да не се степа со момчето на ќерка ни
Глумецот Дакс Шепард, се чини, е заштитнички настроен татко – што значи дека и Кристин Бел мора да биде заштитнички насочена сопруга. Американската двојка, која е в брак 13 години и имаат две деца, се појавија заедно во понеделничкото издание на подкастот на Шепард – „Стручњак во фотелја (Armchair Expert)“. Глумицата ја промовираше љубовната приказна „Никој не го сака ова (Nobody Wants This)“, чиишто нови епизоди се објавени неделава, а каде што таа глуми заедно со Адам Броди, Џастин Лупе и Тимоти Сајмонс, па разговорот се сврте и кон опасностите што ги носи Денот на вљубените…
– Оваа година имавме еден незгоден момент поврзан со Денот на вљубените, и тоа беше навистина тешко. Тоа беше најголемата болка што сум ја почувствувал последниве 10 години, сподели Шепард. – „Малата наша“ си фати момче и се вљуби, но момчето цел тој ден воопшто не ѝ обрна внимание, иако таа се потруди толку многу. Си реков: Ќе го убијам тој „тапчо“, се пошегува навредениот татко.
Шепард призна оти го погодило тоа што нивната ќерка била целосно изигнорирана од своето момче. Бел потоа додаде:
– Морав да ги заклучам вратите однадвор со клуч, само за да бидеме сигурни дека Дакс нема да отиде и да тропне на вратата на тоа момче таа вечер.
– Си реков: Се шегуваш ли, пријателче? Знаеш ли какво девојче имаш тука? Ова е девојка број 1 во цела Америка!, раскажува Шепард.
Сепак, на крајот испаднало дека „малиот“ целосно заборавил дека дента е Денот на вљубените.
Шепард и Бел имаат две ќерки – Линколн, родена 2013., и Делта родена во 2014 година. Иако ова четиричлено семејство изгледа како совршено среќно холивудско семејство, глумицата проговори и за предизвиците со коишто се соочува како мајка која работи.
– Тешко е. Немојте да мислите дека, само затоа што ме гледате на телевизија – мене ми е лесно. Напорно е, дури и сурово. Плачам секоја недела, вели Бел.
Потоа, тaa сподели некои од прашањата што често си ги поставува кога размислува за нови ангажмани.
– Дали премногу ќе ме оддалечи од моите деца? Дали сепак ќе можам да бидам мајката каква што сакам да бидам? Искрено, тоа е најважното. Нема ништо поважно од тоа… Без размислување би дозволила целата моја кариера, заедно со сѐ она што сум го постигнала и мојата слава, едноставно „да ги снема“ уште утре, доколку тоа би значело дека треба да жртвувам нешто значајно од животот на моите деца или да не бидам присутна во нивните животи, заклучи таа.
Кристин Бел деновиве е актуелна со третата сезона од ТВ-серијата „Никој не го сака ова“ достапна на „Нетфликс“
октомври 27, 2026


