Connect with us

Свет

Довербата на граѓаните во судскиот систем на Казахстан е зголемена на ниво од речиси 70 отсто

Довербата на граѓаните во судската власт во Казахстан е на ниво од речиси 70 отсто, се нагласува во податоците на Националното статистичко биро во државата, јавија казахстански медиуми. На средба на претсеателот Касам-Жомарт Токаев и претседателот на Врховниот суд Асламбек Мергалиев кој даде отчет за активностите на судовите за првите девет месеци од оваа година било дискутирано и за дигитализација на судските предмети и мерки за зголемување на довербата во судството.

Според презентираните податоци, уделот на граѓаните кои имаат целосна доверба во судскиот систем се зголемил од 55,2% во 2023 година на 69,7% во моментов.

Во првите девет месеци од оваа година, судовите во Казахстан разгледале 24.800 кривични предмети. Во истиот период, разгледани се 29.200 административни предмети и 319 илјади предмети за административни прекршоци. Речиси половина од сите спорови се решени преку медијација или други вонсудски опции.

На крајот од состанокот, Токаев ја нагласи потребата од понатамошно продолжување на реформите за модернизација на судскиот систем.

Претходно, главниот обвинител на Казахстан, Берик Аслов, објави дека обвинителството помогнало во враќањето на нарушените уставни права на 413 илјади граѓани.

Ad
Ad