Connect with us

Свет

Израел: Највисок одзив на изборите уште од 1981 година

Израелската Изборна комисија денеска соопшти за највисок одзив на изборите уште од 1981 година, откако до 10 часот утрово по локално време на гласање излегле 16,68 проценти од гласачите.

Пред избирачките места има долги редици со гласачи, изјавија очевидци за ДПА од Тел Авив и претежно арапскиот град Тајибе.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара гласаа на избирачкото место во Ерусалим и испратија покана до јавноста: „Излезете и гласајте!“.

Главниот предизвикувач на Нетанјаху, Гади Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот на армијата, исто така, ги повика жителите да излезат на гласање.

„Ветер на промени дува низ Израел“, нагласи лидерот на центристичката партија Јашар.

За изборите во земјата се вратија 70.000 Израелци, бидејќи гласањето од странство генерално не е дозволено, пренесува ДПА.

Овие парламентарни избори се сметаат за пресвртница за внатрешнополитичкиот и општествен правец на Израел, иако не се очекува никаква промена во политиката кон Палестинците.

Најновите анкети предвидуваат исклучително тесен натпревар меѓу Нетанјаху и неговите политички противници.

Ad
Ad