Connect with us

Сцена

Американскиот рапер Џеј Зи ќе настапи на 61. издание на Супербоул во Инглвуд, Калифорнија

„Американскиот рапер Џеј Зи најави дека ќе настапи на полувремето на 61. издание на Супербоул кое треба да се одржи во февруари 2027 година, во Инглвуд, Калифорнија. Засега не е познато дали на сцената ќе му се придружат и други музички изведувачи“, пренесе Си-ен-ен.

Зи од 2019 година е советник на Националната фудбалска лига (НФЛ) преку својата компанија „Рок Нејшн“, задолжена за организација на музичките настапи за време на полувремето. Во рамки на соработката, раперот имаше значајна улога во изборот на музичките изведувачи изминатите години.

Настанот традиционално привлекува големо внимание не само поради спортскиот натпревар, туку и поради музичката програма за време на полувремето, на која настапуваат некои од најпознатите светски музички ѕвезди. 

Ad
Ad